Собранието носи закони, а не Ванхауте
Белгискиот олеснувач во преговорите Питер Ванхауте повторно ја премина црвената линија. По низата навреди кон македонскиот народ, исмевање со државата и граѓаните, овој пат Ванхауте се стави над законите во Република Македонија, пишува Курир.мк
Имено, белгискиот олеснувач во јавноста познат и по фотографиите со мачки кои ги споделува на социјалната мрежа Твитер, овој пат објави нова фотографија на која со пиштол и се закануваат на мачка.
-Се предавам, нема избори на 24 април, се вели во текстот на фотографијата објавена од Ванхауте.
Оваа фотографија отвора многу прашања и дилеми во јавноста на кои Ванхауте треба да даде одговор за тоа кој е заканувач, а кој мачката. На кого Ванхауте му се заканува?
Имено, наместо како олеснувач во преговори, се чини дека Ванхауте се обидува да наметне закон кој не е прифатлив за медиумите, и како што самите изјавија штетен за нив. Она што на Ванхауте треба да му стане јасно, додека се обидува да застане над законите, е дека во Република Македонија законите ги носи Собранието, а не тој.
Ванхауте не даде одговор ниту зошто доаѓа како олеснувач во земја која очигледно не ја почитува и ги навредува нејзините граѓани. За потсетување тој отворено коментираше дека македонскиот менталитет не бил на нивото на европскиот, искажувајќи на овој начин навреда кон сите Македонци и ставајќи ги во подредена позиција.
Медиумите пишуваа и дека исто така тврдел дека токму поради тоа што Македонците не биле како Европјаните, не може да се препише решение од некоја европска држава. На ова се надоврзува и крајно некоректно и потценувачко однесување на Белгиецот Ванхауте кој многу често знаел со потценувачка за Македонците и надредена позиција да наложува решенија, но и во исто време да дели навреди и закани.
Па така тој често и повишувал тоналитет и се обидувал со приземни навреди од типот “не тресете глупости” како и зборовите “stop bulshitting” што на македонски преведено би значело “не сер**е” да изврши притисок.
Дополнително, Ванхауте со неговите објави на Твитер се потсема и навредува личности притоа правејќи на дрзок и безобразен начин паралели со неговиот редовен избор, мачките.
Објавувајќи дека продолжуваат преговорите, белгискиот посредник на Твитер објави фотографија од маче и порака која гласи:
-Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ванхауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.
Ноќта за време на распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ванхауте објави порака која гласи:
„Ноќ во Судот, напиша Ван Хауте споделувајќи фотографија со мачка на која е испишано. “Не, чесен судијо, не сум виновен’“
Пораката на 12 февруари е повторно поврзана со политичката ситуација во земјава:
„Избори? За да го смениш идентитетот 3 пати во една година? НЕ!“
Ваквото однесување на белгискиот олеснувач не само што е атипично за било кое странско лице, туку е случај интерес за психолозите. Токму лицата кои со години наназад работата во областа на психологија, а кои ги контактиравме, сметаат дека вакво однесување е одлика на личност која не е психички стабилна.
Сепак, на Ванхауте треба да му биде јасно дека Македонија е суверена држава и дека за помали работи луѓе на запад биле прогласувани за непожелни, односно “персона нон грата“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа