Аналитичари: Ако нема избори Груевски да се врати на премиерската функција - министрите на СДСМ во аут
Само Собранието а не Државната изборна комисија може да каже дали и кога треба да се одржат предврмени парламентарни избори. Според политичките аналитичари ДИК воопшто не се прашува дали е подготвена за избори или не. Кога Собранието ќе донесе одлука за избори, Комисијата согласно Уставот и законите мора да биде спремна за нивно спроведување бидејќи за тоа е платена и тоа е и единствената задача.
„ДИК треба да се подготви за избори и треба да го пречисти избирачкиот список. Тоа е операција која што систематски се спроведува и тоа е операција која што е предвидена за токму кога ќе дојде денот на избори, дури и да се вонредни избори, ДИК да биде спремен“ вели Владимир Божиновски – Политички аналитичар
Божиновски смета дека обидот на СДСМ паниката во своите редови да ја скрие зад Државната избона комисија не поминува, а граѓаните може јасно да видат зошто Заев бега од изборите
„Доколку се знае поддршката кон едната и другата партијаработите стануваат многу појасни. Доколку избрите се оджрат утре, тоа е 2 месеци пред 24 априлл она што се случуваше на изборите во 2014 можеби нема да се преслика но ќе биде многу слично. Така да Заев ќе биде соочен со еден нов голем пораз и тоа би значело негово целосно повлекување од политката“ – смета Божиновски
Но крајот на плитичката кариера по извесниот пораз на идните избори не е единствениот страв на опозицискиот лидер, сметаат аналитичарите. Според нив, уште поголем притисок на Заев му прави соочувањето со законот.
„Тој човек е докажан криминалец, има доста криминални дејанија во изминатиов период, доста кривични пријави против него и се додека е претседател на СДСМ тој се чувствува комотно да се однесува онака како што се однесува. После изборите сигурен сум дека и во СДСМ има доволно демократски луѓе кои што ќе го натераат да се повлече од функцијата а во таква ситуација тој ќе мора да се соочи со сите кривични обвиниеија кој го теретат и кои што му гарантираат долгорочна затворска казна“ – вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.
Со бегството од изборите Заев директно го крши договорот од Пржино на кој се потпиша во јули минатата година. Во него во седмата точка јасно стои дека политичките партии се обврзуваат дека нема да преземат никакви чекори кои ќе ја попречат имплементацијата на Договорот, особено во врска со изборите на 24 април.
Експертите велат дека само неколку месеци подоцна, опозицискиот лидер прави се избори во април да не се одржат, а тоа, според нив ќе значи сериозен проблем за економско безбедносната ситуација во Македонија
„Ако има одложување на изборите мислам дека реално не очекува и економска и безбедносна и секаква дестабилизација на државата“ – дециден е Пандов.
Доколку СДСМ не го надмине старвот од соочувањето со граѓаните и инсистира изборите да се одложуваат до недоглед, експертите со препорака за нормализација на состојбите
„Доколку е потребно повеќе време како што вели Заев за да се организираат изборите, зошто тие не би биле организирани заедно со локалните избори во 2017 година со тоа што Владата ќе се врати со полн капацитет. Груевски повторно да биде Премиер, министрите од СДС да си заминат ов Владата затоа што нмаат што да бараат таму и кога ќе дојдат оние избори во 2017 година на два месеци пред истите пак да се испочитува тоа што беше договорено“ – вели Божиновски.
Аналитичарите велат дека бегањето од избори е како спортска дициплина во опозициските редови.
Од 2011 до денеска ова е петти изборен процес во кој СДСМ се заканува со бојкот на изборите. Заедно со претходните пет, анкетите велат дека ќе им го донесе десеттиот изборен пораз по ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа