Јакимовски: СДСМ бега од дебати

 

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски категорично тврди дека СДСМ  бега од квалитетни и аргументирани дебати.

Имено, на гостувањето на ТВ Нова, Јакимовски наместо да спротивстави мислење со политички неистомисленик, во конкретниот случај, Петре Шилегов, тој остана сам на столчето за дебата.

-Мене ме зачудува тоа што опозицијата бега од квалитетни дебати. Силни се аргументите со кои што зборувам и секогаш настојувам да зборавам аргументирано. Јас сакам да кажам дека секогаш кога ќе поканите некој од ГРОМ секогаш ќе имате претставник од нашата политичка партија. Со ова очигледно е дека СДСМ сака да избега квалитетни и аргументирани дебати и дека настојуваат да ја пласираат и да се обидат да ја пласираат само нивната вистина што очигледно кај граѓаните на Македонија не проаѓа, подвлече Јакимовски.

Јакимовски подвлече дека е лесно да се боксува со боксер од „мува“ категорија, но е многу тешко да се боксува со боксер од „тешка“ категорија

 

 
 
18.02.2016 - 17:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега