ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува очајот во СДСМ поради неуспехот да се разнебити македонското ткиво

 

Продолжува очајот во СДСМ поради неуспехот да се разнебити македонското ткиво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

 

Агонијата во СДСМ е се поголема затоа што нивната деструкција не ги дава резултатите кои ги бараше Заев.

„Првите пријави на СЈО ќе бидат за изборите и дај боже да има притвори“ рече аболицираниот Заев во Капиштец неколку дена пред да започне спроведувањето на неговиот план.

Но за желбите на Заев не одлучува тој или неговите послушници, туку легитимните македонски институции врз основа на Уставот и законите.

Желбата на СДСМ беше да се отсечат Македонците од Албанија, луѓе кои имаат државјанство и од Република Македонија.

Затоа Македонците од Пустец на Заев му порачаа:

„На приведувањето на Едмонд Темелко се радуваа сите душмани на македонскиот народ и бугарските фашисти и затоа ние го сметаме ова како едно антимакедонско дело“

„Со ослободителната одлука на судот сметаме дека правдата си го најде местото, исто така ги охрабруваме Македонците од Мала Преспа и Албанија дека ние докрај остануваме Македонци и ке се бориме за правата на Македонците во Албанија и во целиот свет“

„Ние сме Македонци и не сме против Македонците во Македонија, туку сме против некои што не знаат што прават заради парите го уништуваат македонскиот народ, го нарекуваат Албанците, а не Македонците. Не треба некој нас да не нарекува Албанци,  како што не нарекуваат некои од  СДСМ од Ресен, од Битола и други места“

Ова се зборовите на луѓето кои за Заев и СДСМ се непријатели и за кои Заев и СДСМ се молат на Бога да има притвор.

Затоа Заев и кон медиумите кои го откриваат неговиот план се однесува крајно недолично и срамно за еден политичар.

Заев и СДСМ кон медиумите кои не се под нивен диктат користат речник од кој се срами секој граѓанин на Македонија.

Вака им се обраќаат на медиумите Заев и СДСМ: „Кога зборувате труе, ширите радијација, поголем изрод од вас не постои, вие сте злосторничка банда, политички непријатели, овие вести се ку*тон вести, вие сте криминалец, вие лажете, ова е лага како и сите лаги сите овие години, Латас е српски шпиун, единствена странска служба сте вие, труете од што лажете, болумента, алооо началниче…“

Човек со вакво однесување и ваква политика на разнебитување на македонското ткиво не може да води ниту куќен совет на зграда, а не држава.

Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 15,7%, а рејтингот на Заев агенциите одамна се откажаа да го мерат бидејќи не се мери минусен рејтинг.

Затоа СДСМ е во паника од изборите и соочувањето со народот. СДСМ знае дека ќе биде казнет од македонскиот народ кој секогаш е жесток кон оние кои работат против него.

За 68 дена на 24 април, СДСМ ќе ја добие масовната пресуда од народот 10-ти пат по ред.

 

 
 
15.02.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега