Латас: 80 панцири кои се најдени кај Чауш имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско
Осумдесет панцири кои се најдени кај Чауш имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско, пишува Драган Павловиќ- Латас во неговата најнова колумна „Мортиша“
-Има и една дополнителна фаза која ќе следи наскоро, допрва: учеството на Заев и Оливер Спасовски во набавката и намената на околу 80 панцири кои се најдени кај Чауш, и кои имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско Диво Насеље, пишува Латас.
Во колумната, Латас додава дека Заев е единствен од политичарите со високи амбиции кој е амнестиран за криминал од осум милиони евра, има две обвиненија, а плус е сомнителен и за соработка со криминалот на фалсификаторот Чауш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа