СЈО со нов скандал: Не дозволува негативни коментари и критики од граѓаните

 

Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева влегуваат од скандал во скандал. Откако изминатиов викенд за  првпат официјален орган во Република Македонија си зеде за право преку Фејсбук да коментира судски одлуки и да им се заканува што пропуштиле, а што не пропуштиле, сега СЈО не дозволува негативни коментари на фан страната на социјалната мрежа.

Критиките кон нивната работа не се опција за Јанева и СЈО. Откако Јанева си зеде за право да биде историчар и да му наредува на судот во кој правец треба да одлучува за да не пропуштел да се запише во историјата, што претставува срамно и недолично однесување, сега специјалните обвинители не сакаат да се соочат со критиките на граѓаните поврзани со нивната работа и не дозволуваат таквите негативни мислења да бидат изразени на официјалниот профил на СЈО на социјалната мрежа Фејсбук.

Медиумите и експертите многу пати досега коментираа дека Уставот и законите за Јанева не важат. Јанева на прес-конференцијата во петокот, на која покрај другото изнесе низа политички квалификации, му се закани на Советот на јавни обвинители. Во својот кус и несигурен настап, Јанева настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, покажувајќи класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија и поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја. Во улога на професорка, Јанева дури и рече дека и правната наука имало што да научи од неа.

-И правната наука има што да научи од Специјалното јавно обвинителство. Прво, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО. Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО, изјави Јанева.

Новинарот и уредник Драган Павловиќ-Латас во новата колумна пишува дека Јанева е заглавена воа фери и за кратко време “се извалка до гуша“.

-Се испокара и јавно ги навредуваше колегите обвинители од Основното јавно обвинителство, им држи предавања и ги омаловажува судиите, а со новинарите се однесува како да е залутана во јавниот живот. Падната од Марс. Создаде амбиент во кој е исмевана, се мајтапат со неа и ја гледаат како потрчко на Зоран Заев и дипломатите кои, замисли, и дојдоа колективно на роденден. Мораа, бидејќи ниту еден колега од Обвинителството и судот не и дошол. Да не пропадне софрата. Катица е ситен играч. Тамаќар што би рекле скопјани. А на пресовите не се снаоѓа. Се кези и понаша како старосватица на туѓа свадба. За да го елиминираат тој блам, почнаа да и пишуваат соопштенија кои таа ги потпишува.

И тоа не го бидна, пишува Латас.

Тој додава дека на нејзиниот Фејсбук во секоја прилика ја оплескува институцијата која ја води.

 
 
15.02.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега