ФОТО: Девојче пронајде златна плочка вредна 16.000 евра, полицијата и дозволи да ја задржи

Тинејџерка од Германија, која во езеро пронашла златна плочка вредна 16.000 евра, може да ја задржи за себе откако полицијата соопштила дека не може да го пронајде вистинскиот сопственик.

Девојчето во август минатата година во едно езеро во Баварија пронашла половина килограм злато на дното на длабочина од два метри. Она златната плочка и ја предала на полицијата која цело време се обидувала да го пронајде сопственикот, иако на никој не му било јасно како плочката завршила во езерото.

По шест месечна истрага одлучено е дека девојчето може да го задржи златото, бидејќи вистинскиот сопственик го нема. Нејзиниот идентитет не е познат. Иако серискиот број бил ошететен, експрети сепак успеале да го дешифрираат.

Постојат претпоставки дека златото во тоа езеро е од Втората светска војна, но тоа не е потврдено.

 
 
05.02.2016 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега