Уапсен маж во Дизниленд во Париз - во куферот имал пиштоли и Куран

Во еден од хотелите на Дизниленд Париз е уапсено 28-годишно лице и веднаш е притворено, откако беше откриено дека во неговиот куфер носи два автоматски пиштоли со калибар од 7,65 милиметри, како и кутија со куршуми и Куран, јави дописникот на МИА.

Оружјето беше откриено при поминувањето низ безбедносната врата на хотелот „Њујорк“, што се наоѓа на брегот на езерото на Дизни-селото, која веднаш алармираше откако лицето ја помина. Тој веднаш беше запрен од обезбедувањето на хотелот, кое потоа му го предаде на полицијата. При апсењето не пружил отпор.

Младата жена која го придружувала побегнала. Лицето имало резервирано соба за две лица. Околу неговиот автомобил е поставен безбедносен периметар во очекување на службите за деминирање, кои ќе треба да го проверат.

Ова лице, со место на живеење во Париз и е познато на полицијата поради возење на автомобил без возачка дозвола.

Според префектот на Сена и Марна, Жан-Лук Маркс, не се знаат засега точните намери на уапсеното лице.

Франција се наоѓа се уште во вонредна ситуација по атенатите од 13 ноември 2015.

 
 
28.01.2016 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега