Го паркирал автомобилот и платил паркинг во центарот на градот - кога се вратил го пречекало ова

 

Девојка од Загреб го паркирала својот автомобил во центарот на Загреб и уредно си платила паркинг. 
Кога се вратила, на брисачот ја чекала „честитка, иста онаква на каква што се пишуваат казни.
„Ќе ми застанеше срцето кога видов. Платив карта и сега и казна. Но кога ја земав белешката, се изненадив“ - вели таа за хрватските медиуми.

Во белешката вработениот во градските паркинзи и напишал дека заборавила да дигне рачна па автомобилот се спуштил на коловозот. Тој го избуткал повторно на тротоарот и ја предупредил дека ставил камен зад тркалото и да внимава кога ќе трга.
„Секоја чест. Не можам да го најдам вработениот, но секако би го честела пиво“ - изјавила девојката.

 

 
 
28.01.2016 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега