ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Милион евра за фотографија со компир

Кевин Абош, еден од најдобрите светски фотографи, продаде фотографија со компир за неверојатни 1 милион евра.

Фотографијата е сликана во 2010 година, а неа се наоѓа еден компир со црна позадина. Абош своите слики ги продава за околу 260 илјади евра, а зошто овој компир е толку посебен да ја достигне оваа вртоглава сума, Абош не знаеше да објасни.

Горд сопственик на ова уметничко дело е неименувам бизнисмен, кому ова не му било прв пат да купува слика од Абош, но признава како за купување на оваа фотографија се одлучил после неколку чаши вино. Тој уште додал, дека секој може да направи некаква глупост после неколку чашки.

 

 

 
 
27.01.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега