Метеоролозите ги носат најубавите вести

Сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 15 степени.

Скопје Сончево со мала до умерена облачност , претпладнево со појава на  магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени. 

 

Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време. До петок ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.

Се поизвесно е дека во деновите од викендот ќе донесат сончево и релативно топло време. Но, и во сабота, а особено во недела, ќе има услови за формирање на локална утринска магла низ котлините и речните долини.

Би требало истата да се расчистува околу пладне.

На планините и повисоките места останува сончевото време во текот на целиот викенд. Ветерот на овие места ќе биде слаб, повремено само до умерен.

Сончево се очекува да биде и јужно од демир Капија, како и во Преспанскиот и Охридскиот крај.

Викендот нема дадонесе висока температура како што ќе биде случајот во текот на денот четврток. Температурата во однос на овој ден ќе биде во тренд на опаѓање, но и со тој тренд ќе биде релативно топло за јануарски услови. 

Низ котлините температурата ќе има вредности од 7°С до 10°С, на повисоките места помеѓу 3°С и 6°С, а на југоисток околу 13°С.

 
 
27.01.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега