Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Едвај го извлекле телото на загинатиот

На автопатот Скопје -Велес, поточно на 2 километри после наплатна станица „Сопот“, се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапност на теренот припадници на Единицата за специјални задачи при МВР го извлекле телото на загинатото лице и по наредба на надлежен обвинител истото ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Од преземени мерки на местото на настанот била пронајдена патна исправа на име В.М.(53) од Куманово.

Увид на местото на настанот извршиле надлежен јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Велес. 

 
 
22.01.2016 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега