Која е најголемата желба на Северина?

Северина и Игор се забавуваа неколку месеци, а кон крајот на минатата година својата врска ја крунисаа со брак.

Северина и Игор искрено се надеваат на дете и двајцата би сакале да добијат девојче. Севе сака на Александар да му подари сестра, иако полот на бебето на крајот не е важен. И таа и Игор се држат до она „да биде само живо и здраво“. Работат на тоа, но сеуште нема ништо. Секако Северина е свесна за своите години и знае дека нема многу време за одложување на втората бременост. Сепак таа има 43 години и не може да одолговлекува. Бебето би било круна на нивната љубов, а Игор се докажал дека умее со деца, рекол изворот близок до Којиќ.

Севе е здрава и сега за сега не се споменува вештачко оплодување, но веројатно и тоа би го прифатила, додал изворот.

 
 
13.01.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега