Каргов на Светски конгрес за борба против фалсификување и пиратерија во Истанбул

 

 

Директорот на Царинската управа Ванчо Каргов учествува на седмиот Светски конгрес за борба против фалсификување и пиратерија, што се одржува во Истанбул, кој е под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а е во организација на Светската царинска организација, Светската организација за интелектуална сопственост и ИНТЕРПОЛ, во партнерство со Меѓународната асоцијација за фабрички и трговски марки и Меѓународната стопанска комора.

Делегатите на конгресот ќе дискутираат и за моменталната ситуација во полето на интелектуалната сопственост, ќе ги разгледаат начините на поврзување на разните карики кои постојат помеѓу понудата и побарувачката на фалсификувана и пиратска стока, напредокот остварен кај начинот на кој функционерите задолжени за сузбивање на измама и за спроведување на законот и носителите на права се справуваат со фалсификувањето и пиратеријата на интернет. Ќе се разгледаат дополнителни мерки во поглед на запирање на протокот на стоки кои повредуваат права на интелектуална сопственост и претставуваат закана за здравјето и јавната безбедност, ќе дадат дополнително појаснување за судските пракси и последни промени на судското право во врска со належноста по повреди на права од интелектуална сопственост. Најавена е и дискусија и за разните средства/технологии што се на располагање на приватниот/јавниот сектор за борба против фалсификување и пиратерија.

ФОТО:Канал 5

најчитано сега