ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно фатен во криминал

 

Господине Заев, повторно сте фатен во криминал. До гуша. Сведок за тоа е целокупната македонска јавност, истакна Антонио Милошоски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Во продолжение е интегралниот текст од прес- конференцијата на Милошоски.

Господине Заев, според вашето признание, вие незаконски располагате со 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори.

Го прекршивте договорот од Пржино и по стоти пат излажавте.

Ветувавте дека само вие имате пристап до материјалите и дека вие сте гарант за приватноста на граѓаните чии што разговори нелегално ги поседувате. Господине Заев, вие повторно излажавте.

Материјалите не ги предадовте на специјалното јавно обвинителство кое што беше формирано по барање на СДСМ, туку тие се најдоа во рацете на криминалци.

Медиумите објавија, Господине Заев, дека кај овие криминалци се најдени над 70.000 приватни разговори. Тоа значи дека илјадници Македонски граѓани јавни личности, стопанственици, новинари, судии и многу други од утре со монтирани материјали може да бидат уценувани и да бидат жртви на изнуда или да бидат наклеветени.

Господине Заев, не и одговоривте на македонската јавност за што разговаравте со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда.

Господине Заев, зошто одбегнавте да и одговорите на јавноста зошто сте разговарале со Захир Бекири кога тој ви беше во посета во канцеларијата.

Господине Заев, како претседател на СДСМ на јавноста и должите одговор како се најдоа 70.000 нелегално прислушувани разговори во рацете на вашиот пријател, а познат криминалец Захир Бекири.

 
 
22.12.2015 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа