Ќе се печатат банкноти од 200 и од 2000 денари - како ќе изгледаат?
Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Централната банка идеите „треба да претставуваат современ и оригинален ликовно-графички израз којшто ќе содржи знаци или симболи на државноста на Република Македонија и во себе да вклучуваат елементи од историското, културното, уметничкото и/или природното богатство на Република Македонија, одразувајќи ги на автентичен начин белезите на минатите или сегашните техничко-технолошки, научни, културни, архитектонски или уметнички достигнувања и придобивки коишто се автохтоно обележје на македонското демократско и мултикултурно општество, јави Економски. Ликовно-графичките решенија за двата апоена треба да се вклопат тематски и естетски во постоечкото издание на книжните пари во оптек во Република Македонија, образувајќи конститутивен елемент од една концептуално хомогена целина“.
НБРМ нуди и награда за првите три најдбори идеи. за прворангираната идеја наградата изнесува 240 000 денари, за втората 200 000 денари и за третата 160 000 денари.
„Покрај наградите, ќе бидат доделени уште три откупни награди со поединечен износ од по 60 000 денари“, објави НБРМ.
Новите пари ќе бидат пуштени во употреба за две години.