Сноуден сака да ги посети земјите кои му понудија азил
Едвард Сноуден испрати писмо до руски активисти за човекови права каде што наведува дека има желба да ги посети земјите кои што се понудија да му помогнат давајќи му азил.
Ваквата информација ја пренел пратеникот Вјачеслав Никонов, кој е еден од учесниците на средбата на претставници од невладиниот сектор со поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност (НСА), што се одржува во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“.
Венецуела, Боливија и Никарагва се земјите кои што му понудија азил на поранешниот агент на ЦИА.
Сноуден засега се нема обратено до Високиот комесаријат на ОН за бегалци и други меѓународни организации, соопшти Олга Костина, член на Граѓанската комора на Руската Федерација, по пристигнување на аеродромот „Шереметјево“ на средбата со Сноуден.
Познатиот руски адвокат и активист Генри Резник, исто така, веќе е на аеродромот.
Како што соопшти прес-секретарот на аеродромот „Шереметјево“, Ана Захаренкова, средбата се оддржува зад затворени врати.
Во очекување на каква било информација за Сноуден, на аеродромот се собрани над 200 новинари.