Сноуден сепак не отпатувал во Хавана

Едвард Сноуден не допатувал во Хавана со летот на компанијата „Аерофлот“, како што се појавија гласини на Твитер, соопшти рускиот екипаж на летот.

Капетанот на летото изјавил дека Сноуден не бил внатре во авионот.

Инаку ,гласините на Интернет се појавија откако авионот на руската компанија по полетувањето од Москва го променил летот и наместо преку Скандинавија, Гренланд, Канада и преку САД, летал јужно низ Европа и Атлантскиот Океан.