Скромни крадци: Влегле во куќа и украле само мачиња
Полицијата во Велика Британија трага по крадци кои влегле во еден семеен дом и украле само мачиња, јавуваат англиските медиуми.
Овие скромни крадци влегле и покрај се што можеле да земат и да однесат со себе, земале само три мачиња.
Полицијата ги повика и граѓаните да соработуваат за да се пронајдат мачињата.