Експлозија на гасовод во Истанбул

Денеска во Истанбул одекна силна експлозија на гасовод за време на градежни работи за изградба на метро линија.

Како што јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк, при инцидентот нема повредени.

Експлозијата се случила во 9:30 часот во истанбулскиот кварт Ускудар, во азискиот дел на градот. Луѓето во областа на инцидентот во панкика го напуштиле местото по силната експлозија.

На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила. 

ФОТО: А1.он