Сарма осуден на 13 години затвор - специјалниот суд во Белград ја донесе пресудата

 

Специјалниот суд во Белград денеска го осуди на 13 години затвор Мичо Николиќ наречен “Сарма”, под обвинение за трговија со синтетичка дрога, а неговите соработници добија затворски казни од три и пол до 13 години.

Освен Николиќ, на 13 години затвор е осуден и Агрон Хоџај, а Рајко Савиќ доби 11 години затвор. Милош Изрваз ќе лежи 10 години.

Исмал Красниќи е осуден на 7 години затвор, додека Миодраг Враниќ на три и пол години затвор.

Нивните адвокати имаат право на жалба до Апелациониот суд во Белград.

Николиќ во март 2012 година беше уапсен со уште седум други соработници во Нови Сад и во Краљево под сомнение дека тие долго време се занимавале со шверц на синтетичка дрога. Групата ја набавувала дрогата од Косово и Метохија.

Во меѓу време Николиќ му беше дозволено да се брани на слобода, но на 8 ноември, по наредба на Обвинителството за организиран криминал повторно е уапсен, бидејќи заедно со три други осомничени се обиделе со десетици илјади евра да поткупат сведоци.

 
 
14.12.2015 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега