Скопјанец ја оштетил фирмата во која работел за 2.606.787 денари

 

Скопјанец си заработи кривична пријава поради кражба.

57-годишниот З.Б. кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, додека бил вработен во ДОО „Мавроинженеринг“ во Скопје, во повеќе наврати од Економски двор Струмица, во сопственост на АДГ „Маврово“  си земал опрема, машини и возила.

Така скопјанецот се стекнал со 2.606.787 денари.

најчитано сега