Хилари Клинтон бара 200.000 долари за своите говори

Поранешнaта американска државна секретарка Хилари Клинтон бара да и бидат дадени  200.000 долари за секој говор кој ќе го одржи на приватни бизнис собири, пишува Вашингтон пост.

Инаку, пред околу 15.000 експерти од областа на човекови ресурси во големите компании, Клинтон го одржа својот последен говор во Чикаго.

Весникот наведува дека Клинтон откако пред шест месеци ја напушти позицијата шеф на Стејт департментот, учествувала на повеќе собири во Далас и во Лос Анџелес.

најчитано сега