ВИДЕО: Боки 13 и официјално ќе стане жена - ова е трејлерот за неговиот „Мистик проект"
Македонскиот контроверзен шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13 оди во изолација поради подготовка за реализација на „Мистик проект“, шоуто во кое пред камерите ќе го промени својот пол, пренесе српскиот портал Курир. Боки 13 за промената на својот пол припремил и промотивно видео со кој го најавува „Мистик проект“.
- Боки осмисли да направи нешто големо, после што ќе почнат да паѓаат маските и што ќе ги сруши сите табуа. Промо-видеото е најава само на дел од содржините, а најшокантен дел од реалното шоу ќе биде токму тој во кој ќе го промени полот, а во план е и документарен филм. Станува збор за еден од најсериозните светски проекти со висока продукција, па затоа Јовановски наскоро ќе оди во изолација. До Нова година се би требало да биде готово и спремно за емитување во повеќе балкански земји и во Турција. Целата приказна ќе ја следи и објавување на музичкиот албум на три јазици – српски, англиски и турски, открива соговорник за српскиот портал Курир.
Инаку, Боки не сакал многу да коментира за неговиот проект предвреме.
- Едвај чекам проектот да заживее, осмислен е да трае неколку години. Сигурно после оваа сите оние кои ликот Боки 13 не го сфаќале сериозно ќе увидат дека не биле во право, вели Боки за порталот.
Засега не се знае точниот датум за операцијата и почетокот н проектот на Боки 13.
ВИДЕО: Boki13official