ФОТО: Пилот пушел и пиел шампањ во кокпитот со две проститутки

Пилот од Kuwait Airways можеби никогаш повеќе нема да седне да контролира авион, откако се раширија гласини дека во текот на еден лет во кабината се опуштил во друштво на две проститутки.

Безобразниот и развратен пилот за време на летот на релација Лондон-Њујорк во својата пилотска кабина ја повикал поранешната порно ѕвезда која се прослави со настапот во британскиот X Factor, дозволувајќи ѝ да си игра со командите од авионот.

За себе и за старлетата Кло Мафиа пилотот порачал шампањ, барајќи од неа цело време да му седи во скутот. Сето тоа искуство било толку „стресно“ за него, што испушил 40 цигари за време на прекуокеанскиот лет кој лета над Атлантикот.

Кло Мафиа, чие вистинско име е Кло Кан, журката од авионот ја фотографирала и снимала, објавувајќи ги фотографиите на социјалните мрежи, а за медиумите открила дека пилотот од Kuwait Airways барал да му ги покаже градите, фалејќи ѝ се дека ги имал „поминато“ половина од стјуардесите.

Старлетата од британскиот Вејкфилд, која сега живее во Калифорнија, за The Daily Star изјавила дека била шокирана од однесувањето на пилотот кој управувал со авион во кој имало 300 луѓе.

Таа открила дека пилотот, преку стјуардесата, ги повикал неа и нејзината пријателка во кокпитот, после што веќе не морале да бидат врзани со безбедносни појаси. Кога го прашала дали може да пуши и да има друштво во кокпитот, тој ѝ одговорил дека таа ги пишува правилата и дека другите малку претеруваат со сета таа безбедносна фама за време на летот.

 
 
10.12.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега