Делови од неколку скопски општини денеска ќе останат без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден.

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од село Волково дел од улицата 102, куќите кон патот за село Орман во општина Ѓорче Петров;

– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од улицата Радишанска лево (улица Бел Камен) во општина Бутел;

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од село Мршeвци во општина Илинден.

20.06.2024 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега