МВР со нови детали за мигрантите

Во изминатите 24 часа издадени се 2.032 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број на мигранти на кои им се издадени вакви потврди  869 се мажи, 427 жени, 528 деца придружувани од носителот на потврдата и 208 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните од Сирија (901), Авганистан „623) и Ирак (508).

Од почетокот на издавање на потврдите досега вкупно 321.759 мигранти добиле вакви потврди. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија (186.578), по што следуваат оние од Авганистан (78.193), Ирак (35.547), Иран (6.231), Пакистан (5.416), Палестина (2.158), Сомалија (1.276), Бангладеш (1.253), Мароко (1.317), Конго (514), Алжир (453), Либан (434), Нигерија (279).....

До Секторот за азил во изминатите 24 часа не е поднесено барање за признавање на право на азил, а од започнувањето на овој процес досега поднесени се вкупно 83 барања. Најмногу барања, односно 55 се од државјани на Сирија, 13 барања од државјани на Авганистан, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во текот на вчерашниот ден евидентирани се 17 баратели на азил од кои шест мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, четири баратели на азил од кои две малолетни лица без придружба на старател и двајца мажи се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Од екипите на Црвениот крст укажана им е и лекарска помош и дадени им се пакети со храна и со вода на мигрантите кои влегуваат во Македонија.

 
 
10.12.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега