Починат човек победи на избори во Мексико
Во Мексико на избори победи човек за кој е издадена официјална посмртница.
Се работи за Ленин Кабаљидо кој во неделата на изборите однесе тесна победа во местото Сан Аугустин Аматенго во близина на градот Оахака, но потоа се појави неговата посмртница според која тој починал во 2012 година.
Сепак, смртта секако била лажирана.
Во обвинителството наведуваат дека некој од членовите на семејството Карбаљидо ја искористил посмртницата за да ги убеди полицајците да ја повлечат истрагата за апсење поради силување во 2004 година.
ФОТО: 24Вести