Асистентот на Чарли Шин открива бизарни детали од неговиот бурен живот

Чарли Шин неодамна призна дека има ХИВ, а неговиот асистент Стив Хан за Дејли мејл раскажал досега непознати детали за животот на Шин.

За почетокот Хан се присетил и на една ситуација од 2011-та година во домот на Чарли, кога актерот под дејство на наркотици и алкохол играл пред своите пријатели и порно ѕвезди. Во еден момент, случајно си ја исекол ногата и започнал да кравари. Крв имало насекаде на килимот, а еден од присутните пријатели сакал да му помогне околу дамките кога Шин го застанал извикувајќи – "Не ја допирај мојата крв!".

Пријателот останал во шок, не сфаќајќи зошто Шин толку бурно реагирал.

- Тоа беше толку чудна реакција. Делуваше како да е искрено загрижен за тоа што некој можеби би ја допрел неговата крв. Сите бевме запрепастени од неговата реакција бидејќи бевме среде луда ноќ, но длабоко во себе знаев дека нешто апсолутно не е во ред. Го видов тоа во неговите очи. За целото време мислев дека можеби има хепатит Ц или нешто слично, но не можев ниту да претпоставам дека ситуацијата е всушност многу полоша, раскажал Хан.

Хан за актерот започнал да работи кон почетокот на 2011-та година и со него буквално го пропатувал целиот свет. Тој раскажал и како неговиот работодавач му соопштил дека е заразен.

- Се сеќавам дека бевме во Мексико, во месец декември 2012-та година. Бевме цела група, јас, Чарли, порно ѕвездата Џорџија Џоунс, уште две девојки, неколку пријатели и обезбедувањето. Планот беше да ја прославиме Новата година во приватна вила, но сепак одлучивме да се вратиме за да ја избегнеме бурата. Наместо тоа, Новата година ја дочекавме во куќата на Чарли, раскажува Хан.

- Се скарав со едниот од телохранителите. Таа вечер Чарли ме повика на страна и ме праша што не е во ред. Му ја отворив душата и му ги кажав сите мои проблеми. Бевме искрени еден кон друг, а тој ми кажа дека животот не е совршен. Тогаш неочекувано изјави – "Јас сум ХИВ позитивен". Бев шокиран. Ми кажа дека не сакал да ми ги обелодени тие нешта, но ми кажа и да не бидам загрижен, бидејќи не умира и дека ќе биде подобро. За него тоа не беше смртна пресуда. Се чувствував ужасно, знаев тајна којашто тогаш ја знаеја само една рака луѓе на целиот свет.

Тој вели дека после тој разговор, со Чарли станале исклучително блиски, но открил и дека постојано се грижел за тоа дали актерот ја зема потребната терапија, но и дека Шин и понатаму продолжил да води бурен живот исполнет со пороци и луди забави.

 
 
28.11.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега