Џихадистите не треба да се бомбардираат - причината ќе ве изненади

Западот користи бомби, а не сфаќа дека тие бомби се причината поради која денес се бориме против тероризам. Бомбите убиваат невини луѓе, а тоа на ИД му дава алиби за регрутација на нови членови, пишува германскиот новинар Јирген Тоденхофер за британски The Guardaian.

Според Тоденхофер од терористичкиот напад во Париз, западните политичари директно паѓаат во замката на терористите, исто како што САД падна по нападите на 11 септември 2001 година.

Германскиот новинар наведува дека одмаздата на Џорџ Буш и Тони блер во Ирак и Авганистан се претвори во класична терористичка програма за регрутација.

„Во 2001 година на Хинду Куш планина биле скриени неколку стотици терористи. Тие беа единствени терористи кои им се закануваа на светот. Следеше добро познатата акција на одмазда, и денес се соочуваме со најмалку 100 илјади екстремисти. Да не зборуваме за дополнителните последици од војанта против тероризмот, која однесе милини животи. Само за шест месеци по почетокот на познатата војна против тероризмот, зачната е Исламската држава. Таа е бебе на Буш“, критикува Тоденховер.

Новинарот се прашува како досега светот не научи ништо за тероризмот и на крај додава дека со секое ново бомбардирање џихадистичките организации растат.

 
 
28.11.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега