Курир до Кирацовски: Дали пресудата не е точна и дали не е точно дека сте прогласен за виновен?

Откако Курир денеска ја објави пресудата  според која дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, во Основниот суд Битола во 2001 година е прогласен за виновен за кривично дело „тешка телесна повреда“, со своја реакција во јавноста се јави Кирацовски.  

Кирацовски во демантот вели дека написот на КУРИР кој се базира на објавената пресуда бил “груба лага и тешка клевета“ и се заканува дека доколку не добиел извинување, тогаш  ќе поднесел тужба против КУРИР и против сите други медиуми кои ја презеле веста.

Токму поради ова, Курир го прашува Кирацовски:

1. Дали пресудата до која што дојде Курир не е точна?

2. Дали не е точно дека Кирацовски е прогласен за виновен за учество во тепачка и осуден на 3 месеци затвор со услов да не направи ново дело во наредната година?

3. Дали не е точно дека во инцидентот на едно лице му се нанесени тешки телесни повреди со убоди со нож?

4. Дали е лага фактот наведен во пресудата дека на оштетениот му било пробиено левото белодробно крило со  нож?

5. Дали во пресудата судот лажел дека освен Кирацовски учествувале и други лица?

6. Дали Кирацовски не бил задолжен како виновен да ги плати и судските трошоци?

Еве ја повторно на увид пресудата, па јавноста сама може да заклучи кој лаже и манипулира:

 
 
26.11.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега