Турција сака да го измами светот: Ова е доказ дека рускиот авион е соборен над Сирија (ВИДЕО)

Турција објави видео на кое наводно се докажува дека рускуот авион кој го собориле во вторникот летал над воздушниот простор на Турција и бил предупреден да се врати. 

Под услов видеото да е афтентично. Турците направиле голема грешка.

Имено, на снимката јасно се слуша предупредувањето, но п0редупредувањето е рускиот авион да не се приближува до турскиот воздушен простор ( а не да излезе од него) и да тргне на југ - што токму тоа претставува доказ дека леталото не влегло во Турција. 

Турскиот амбасадор Халит Џевик изјавил дека рускиот авион бил предупреден 10 пати во пет минути за да ја промени насоката. 

- По повредувањето на просторот, авионот 1 го напуштил турскиот воздушен простор. На авион 2е пукано додека се наоѓал над воздушниот простор на Турција од авионот F- 16, кој бил во патрола на тоа подрачје, стои во соопштението на амбасадорот. 

Ова тврдење го поддржа американската армија, чиј портпарол, полковникот Стив Ворен, додал дека руските пилоти не одговарале на турското предупредување. 

Но на видеото токму спротивното се слуша

- Се приближувате над турскиот воздушен простор, променете го курсот на куг веднаш... ова се слушало од видеото. 

 

 
 
25.11.2015 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега