Соборениот руски авион не добил предупредување за нарушување на турскиот воздушен простор

Соборениот руски бомбардер Су-24М крај турско-сириската граница не добил никакви предупредувања од турска страна за нарушување на воздушниот простор, изјави денеска преживеаниот пилот Константин Мурахтин.

Според него екипажот не добил предупредувања ниту по радио-врска ниту визуелно.

- Ако сакаа да не предупредат може да се покажат, да застанат на паралелен курс, рече Мурахтин.

Тој истакна дека проектилот бил испукан одзади и екипажот не бил во можност да изврши маневар.

Рускиот Су-24М беше соборен во вторникот со ракета воздух-воздух од Ф-16 на турските ВВС. Двата члена на екипажот се катапултираа, но едниот загина, а другиот беше спасен по 12-часовна операција, во која беше уништен хеликоптер Ми-8 и убиен еден руски специјалец.

Мурахтин изјави дека тој и колегата многу пати летале во тој реон и оти се враќале во базата безбедно.

Тој изјави дека го познава многу добро реонот и може да се ориентира во него и без да користи дополнителни електронски инструменти од авионот

 
 
25.11.2015 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега