Премиерот Груевски денеска со набиена агенда

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортски тренинг камп на ФК „Вардар“ во Општина Гази Баба, по што ќе замине во посета на општина Неготино.

Како што соопшти Владината прес служба, премиерот Груевски, во Неготино ќе присуствува на поставување камен темелник на индустриската зона „Неготино“ кај Црвени Брегови, ќе изврши увид во градежните активности при изградба на пат за село Криволак и ќе ја посета на компанијата „Ролопласт“.

Предвидено е претседателот на Владата да оствари и средби со жителите на селата Криволак и Долни Дисан. 

 
 
21.11.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега