Полицијата трага по убиец - скопјанката која беше пронајдена мртва во Аеродром била убиена

Според наодите од извршената обдукција, скопјанката која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, била убиена.

На телото на скопјанката Ј.Н. биле пронајдени траги од насилство, што покажува дека таа имала насилна смрт. По убиецот на скопјанката активно се трага.

Скопјанката беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Аеродром. Нејзините соседи пријавиле во полиција, откако забележале дека од нејзиниот стан се шири неподнослива смрдеа.

Првичниот убид покажа дека 58 годишната жена имала повреда на черепот.

најчитано сега