По грешка и се јавил на сопругата додека ја силувал љубовницата

Метју Стејси, 42-годишен Англичанец, ја силувал својата љубовница, но во тој момент по грешка и заѕвонел на својата сопруга. 

Со 34-годишна љубовница Метју се запознал откако бил во брак и започнал врска бидејќи таа не го знаела тоа, но кога дознала дека е оженет ја прекинала врската. Па, Метју се решил да ја покани на средба, а љубовницата се решила да дојде бидејќи сакала само да ги расчисти сметките со него.

Сепак, тој започнал да и се заканува на љубовницата, па така таа не можела да избега од него и била принудена да се состануваат. Она што кренало најголема прашина за овој случај е тоа што при една средба тој ја турнал на кревет и започнал да ја силува, а при тоа несакајќи и заѕвонел на сопругата бидејќи го притиснал телефонот кој му бил во панталоните, па така таа дознала со каков човек си има работа.

ФОТО: Денешен

најчитано сега