Донација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за СОС Детско село

Претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ Даниела Рангелова заедно со раководството на Општинскиот комитет Гази Баба на Унијата на жени денеска го посети СОС Детското село каде донираше материјал за бојадисување на куќите во состав на СОС Детското село, соопштија од партијата.

Донацијата се состои од материјал за бојадисување на 10-те куќи во кои живеат децата згрижени во СОС Детското село. Рангелова најави дека поддршката од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ кон сите ранливи категории, а особено, како што потенцира, кон децата ќе продолжат и во наредниот период.

Виолета Георгиевска директор на СОС Детското село заблагодарувајќи се на донацијата истакна дека таа била договорена во рамки на велигденската посета на Рангелова на СОС Детско село. Донацијата, рече таа, е од големо значење за СОС Детското село бидејќи се подобрува хигиената и чистотата во куќите. 

 
 
17.11.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега