Бројката на загинатите при уривање на зграда во Дака достигна 165

 

Сто дваесет и девет тела веќе се идентификувани и предадени на блиски на жртвите. 

Продолжуваат спасувачките операции за пронаѓање на преживеани по уривањето на деловната зграда во околината на Дака, во која се сместени текстилни фабрики и трговски центар. Две илјади лица се спасени од под урнатините до изутринава по локално време. 

Трагедијата повторно го покрена прашањето за непочитувањето на стандардите за безбедност во текстилната индустрија, главен сектор на економијата на Бангладеш. Сто и дванаесет лица загинаа во пожар во текстилна фабрика во земјата пред помалку од пет месеци. 

најчитано сега