Семинар за превенција и заштита на жртви на трговија со луѓе

 

 

Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Муедин Кавеџи ќе го отвори семинарот за превенција и заштита на жртви на трговија со луѓе, наменет за здравствените работници во Република Македонија.

Семинарот претставува имплементација на Националната стратегија и Акционен план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција 2013-2016 година и се спроведува во рамки на Регионална програма на ГИЗ за справување со проблемот на трговија со луѓе.

Организатори се Министерството за труд и социјална политика и Германското друштво за интернационална соработка–Канцеларијата во Скопје (ГИЗ) во соработка со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега