Двајца тешко повредени во Скопје
Сообраќајната полиција вчера во Скопје изврши увид на вкупно 18 сообраќајни несреќи. Од нив, 10 се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило и седум сопатници.
Случени се и две сообраќајни несреќи со последица тешка телесна повреда. Со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден сопатник, а со полесни повреди се здобиле двајца сопатници.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, седум возачи кои поминале на црвено светло на семафор и пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, кои се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција отстранети се 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа