Кратовчанец на шалтер начекал старец на голема мака и му исплатил помалку пари

Кратовчанец вработен на шалтер во Македонски пошти, на неписмен, глувонем човек со нарушено ментално здравје, при исплата на парични средства му исплатил 1000 денари помалку од впишаниот износ во налозите.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Л.(55) од Кратово, вработен во ЈП Македонски пошти-РЕ Кратово-Поштенска единица Страцин поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

По добиена пријава дека во јуни 2015 година шалтерскиот работник од Поштенска единица Страцин, на оштетениот Р.Ц.(72) од село Страцин, кој е неписмен, глувонемо и со нарушено ментално здравје, при исплата на парични средства му исплатил 1.000 денари помалку од впишаниот износ во налозите за исплата-образец ПП 40, од страна на полициските службеници од СВР Куманово се превземени оперативно-тактички мерки заради докажување на пријавеното кривично дело. На 16.07.2015 година, кога оштетениот отишол во Поштенската единица Страцин да ги подигне паричните средства кои му се исплаќаат за неговите две ќерки кои се со нарушено ментално здвавје, пријавениот му исплатил 1.000 денари помалку од впишаниот износ во налозите за исплата. Откако оштетениот излегол од поштата од страна на полициските службеници е извршен увид во исплатените парични средства и впишаниот износ во налозите, по што во содејство со Управителот на ЈП Македонски пошти-РЕ Кратово извршена е контрола на пријавениот и под неговото бирото е пронајдена една банкнота од 1.000 денари. 

 

 

Оцени ја веста

04.09.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега