Груевски се сретна со францускиот државен секретар Дезир

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска се сретна со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи и економски развој на Република Франција Арлем Дезир.

Како што соопшти владината прес-служба, соговорниците се осврнаа на повеќе актуелни прашања од сферата на политиката, односите меѓу двете држави, можностите за нивно унапредување и збогатување,  како и за темата со европските интеграции на државата.

Груевски и Дезир дадоа позитивна оценка за меѓусебните односи, кои, нагласија, се со потенцијал за дополнително развивање, како на полето на дипломатијата, така и во полето на економијата.

Премиерот Груевски се заблагодари  за принципиелната поддршка која Република Франција и ја дава на Македонија за нејзините  европски интеграции кои претставуваат стратешка цел на државата и на чие реализирање активно се работи преку исполнување на повеќе мерки и реформи.

Соговорниците се осврнаа и на темата со илегалните мигранти при што се сложија дека потребна е заедничка и координирана соработка во поширок контекст, а во насока на разгледување на решенијата и преземање на одлуки и мерки кои ќе бидат во правец на надминување на актуелните состојби.

Двете страни ја истакнаа отвореноста за соработка за проекти во различни области кои ќе ја динамизираат економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега