"Во затвор ми е како на екскурзија" - 35 години затвор за убиецот на манекенката Червенко

Србинот Дарјан Мушиќ кој ја уби својата девојка, манекенката Владислава Червенко од љубомора, денеска во судот со Црбија ја слушна својата пресуда за делото кое го направи. Тој си заработи 35 години затвор. 

35-годишниот Дарјан на смрт ја претепа својата девојка Червенко, а потоа на нејзиното тело ги изрезбал своите иницијали. Тој објасни дека делото го направил од љубомора бидејќи таа го изневерувала со кој ќе стигне додека бил во затвор.

Србинот мино ја сослушал својата пресуда а потоа се свртел кон својата мајка и рекол: - Мамо не се грижи за мене. Во затвор ми е како на екскурзија, пренесе Ало.рс.

најчитано сега