Седници на девет собраниски комисии

 Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за култура, за труд и социјална политика, за транспорт, врски и екологија, одбрана и безбедност и Законодавно -правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за идентификација и регистрација на животните, на Законот за безбедност на храната за животни, на Законот за заштита и благосостојба на животните на Законот за ветеринарно - медицински препарати, на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, на Законот за сточарството, на Законот за виното, како и на законите за органско земјоделско производство, за здравјето на растенијата, за хидрометеоролошка дејност и за квалитетот на земјоделските производи, сите во скратена постапка. Ќе се расправа и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и на Законот за шумарска и ловна инспекција, по скратена постапка. 

Членовите на Комисијата за здравство меѓу останатите ќе дискутираат и по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, на Законот за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за јавно здравје и на законите за евиденциите во областа на здравството, за здравственото осигурување и за санитарната и здравствената инспекција, сите по скратена постапка.  

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за еднакви можности на жените и мажите, по скратена постапка, во второ читање е единствената точка на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Законодавно-правна комисија на денешната седница на агендата има повеќе точки меѓу кои предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка.

На седницата на Комисија за труд и социјална политика на дневниот ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, на Законот за семејството и на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка, во второ читање. 

Пратениците на седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе ја утврдуваат предлог-одлука за избор на член на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.  

Предлог - законите за изменување на Законот за азил и привремена заштита, на Законот за оружјето, на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, по скратена постапка, во второ читање се на дневниот ред, во второ читање, е дневниот ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисија за економски прашања на седницата ќе расправа по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за техничката инспекција и на Законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, во второ читање. 

Како што е најавено на седницата на Комисијата за култура пратениците ќе дискутираат по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за издавачката дејност, на Законот за библиотеките, на Законот за употребата на македонскиот јазик, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на  Законот за филмската дејност

 

 

Оцени ја веста

26.08.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега