ВИДЕО: Чудото на Папата Јован Павле Втори - еве зошто тој ќе биде прогласен за светец!
Конечно во јавноста се појави жената која сеуште е жива благодарение на Папата Јован Павле Втори и го претставува неговото второ чудо.
Флорибет Мора која била речиси на смртна постела и не можел да ја спаси ниеден доктор оздравела на самата вечер на беатификацијата на Јован Павле Втори.
“Пациентката имаше аневризма и дојде до крварење. Беше сместена во болница. Без никаков хируршки зафат, проблемот исчезна. Никогаш не сум слушнал да се случи нешто вакво”, изјавил Алехандро Варгас Роман, неврохирург.
Првото чудо на папата Јован Павле Втори било оздравувањето на Мари Сином Пиер.
Инаку, Папата во декември ќе биде прогласен за светец.