ВИДЕО: Индиец направил реплика на Таџ Махал во чест на покојната сопруга

 

Фаизул Хасан Кадири, 77-годишен старец од Индија во чест на својата покојна сопруга која премногу ја сакал направил реплика на познатиот Таџ Махал изграден во 17-от век.

Во сеќавање на сопругата која починала во 2011 година, овој Индиец го изградил храмот. Неговата сопруга отсекогаш стравувала дека тој нема да ја сака бидејќи немаат деца, но тој за да и ја докаже својата голема љубов кон неа и ветил дека во нејзина чест ќе изгради реплика на Таз Махал.

Па така, Индиецот по нејзината смрт не си го погазил зборот. Го продал целиот имот кој го имал за да го изгради ветеното. Сепак, за комплетно да ја заврши градбата му се потребни уште пари, но не сака да позајмува туку малку по малку ќе гради од својата пензија до крајот на неговиот живот.

најчитано сега