Короновирусот зема уште една жртва во Велика Британија
Еден 49-годишен маж, заразен со новиот вид на короновирус, почина во лондонската болница Сент Томас.
Пациентот уште во септмеври минатата година бил префрлен во оваа болница од Катар, а лекуван е поради откажувањето на бубрезите и акутен респираторен синдром.
Досега во светот се забележани 41 смртен случај на овој вирус, додека според официјалните податоци, 77 лица се заразени. Новиот короно вирус е сличен на вирусот кој предизвикува САРС, па дури и на вирус на обична настинка. Симптомите на зараза се кашлица и тешкотии со дишењето, а кај повеќето заболени се развива и воспаление на белите дробови.
ФОТО: Дневник