Чудно - ни на крај памет нема да ви текне од што се плаши Роби Вилијамс

Некои се плашат од птици, некои од кловнови, некои од пајаци, но британскиот пејач Роби Вилијамс најмногу се плаши од родителски состаноци.

Роби е татко на двегодишното девојче Теодора и десетмесечното момче Чарлтон. Иако учествува во нивното одгледување, Вилијамс одбива да оди на родителски состаноци.

„Или ќе се напијам валијум и ќе одам, или ќе излажам дека мора да бидам во студио. Таа лага ми помага да се изборам со тие непријатни ситуации. За што треба да разговараме? Теди нема ни три години. Навистина не знам за што да разговараме“, изјавил пејачот за британски медиум.

 

 

Оцени ја веста

13.08.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега