Поради жештините ново работно време на општина Кавадарци

Ново работно време на општинската администрација во Кавадарци поради жештините.

„ Општина Кавадарци-локална самоуправа од понеделник 27 јули 2015 година ќе започнува со работа од 07:00 часот наутро, а работниот ден завршува во 15:00 часот полпадне“, соопштија од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Оттаму нагласија дека промената во почетокот на работното време на општинската администрација е предизвикана од високите температури и топлиот бран кои деновиве владеат во земјата и регионот.

„Градоначалникот ја донесе оваа одлука во интерес на здравјето на граѓаните, ефикасноста на работењето на оштинската администрација, а согласно препораките на медицинските лица и надлежните владини институции“, соопштија од Службата за односи со јавноста.

Со нормализирањето на временските прилики и намалувањето на екстремните летни температури, во општинската администрација веднаш ќе се врати вообичаеното работно време.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега