Нереди во Кина: 21 мртви лица во судирот со полицијата

Претставник од провинциската влада по име Као изјавил дека инцидентот се случил во вторникот и дека меѓу загинатите има полицајци и социјални работници. Нередите започнале одткако полицијата почнала да пребарува во куќата на еден осомничен дали поседува оружје. Во извештајот конфликтот е опишан како „жесток терористички инцидент“. 

Се наведува дека има 15 мртви полицајци и социјални работници. Во тој регон живеат околу девет милиони муслимани од кои некои се жалат на недостаток на верска и културна слобода и зголемено населување од страна на Кинезите Хана, нешто што властите го негтираат. Во последните години Пекинг вложи средства во развој на таа област инаку богата со суровини и нафта. 

 

.

најчитано сега